Анри, селектор на Салах?

Тиери Анри се уште е во потрага по својот прв самостоен тренерски ангажман, а според последните информации француската легенда е најблизу до преземање на кормилото на репрезентацијата на Египет. Откако во последен момент му пропаднаа преговорите со Астон вила, Анри седна на маса со челниците на Египетската Фудбалска Федерација, дискутирајќи за можноста да го води тимот чија главна ѕвезда е Мохамед Салах.

„Имавме средба со агентот на Тиери Анри во Лондон, на која присуствуваше и член на бордот на директори на фудбалската федерација во нашата земја. Анри е заинтересиран, но очекува да му бидат доставени повеќе информации околу проектот на федерацијата поврзан со репрезентацијата, пред да ја донесе конечната одлука“ – изјави Насер Ел-Сајед, поранешен египетски репрезентативец.

Анри беше помошник на Роберто Мартинез во стручниот штаб на Белгија на СП 2018, шампионат на кој „црвените ѓаволи“ го освоија третото место.

Се вчитува...