Анри: Сите му се смееја на Кукуреља, а тој…

Шпанските репрезентативци собираат комплименти од сите страни откако „црвената фурија„ синоќа целосно ја надигра Франција и заслужено се пласираа во големото финале на СП 2026.

Легендарниот Французин Тиери Анри очекуваше радост на својата репрезентација, но фантастичниот голгетер по дуелот имаше само пофални зборови за шпанските фудбалери, издвојувајќи двајца како пример.

„Не можам да поверувам како одиграа, навистина одлично… Видете го Кукуреља, до пред некоја година сите му се смееја, а видете го каде е сега, на кое ниво игра. Од 30. минута беше на жолт картон, а до крајот на полуфиналето беше перфектен, доби безброј дуели со асови како Дембеле и Олис. Позиционирањето, агресивноста, тајмингот на стартовите, се беше апсолутно перфектно“, истакна Анри.

Потоа, големиот ас се осврна и на Микел Ојарзабал, напаѓачот кој е најдобар стрелец на Шпанија на овој мундијал.

„Ојарзабал, каков играч, а не ја добива почитта што ја заслужува само затоа што игра во Реал Сосиедад. Да беше член на Барса или Реал сите ќе говореа за него, но тоа не му пречи, тој секогаш е тука да блесне за својата репрезентација“, го пофали Французинот предводникот на нападот на „црвената фурија“ на ова светско првенство.

Се вчитува...