Слабото издание на Кристијано Роналлдо на премиерниот дуел со Конго е меѓу главните вести по синоќешната мундијалска програма, Португалецот веќе врза десет меча без постигнат погодок на големите натпреварувања, а критики доаѓаат од сите страни.
Најконкретен беше легендарниот Тиери Анри, кој потенцираше една ситуација во мечот во која на дело се виде – себичноста на Роналдо. Консеисао продре по десната страна и одигра одлична повратна топка. Фернандеш беше во одлична ситуација да ја затресе мрежата, но Роналдо реши да не му ја остави топката на соиграчот, соиграше од полоша позиција – и промаши.
„Една работа треба да знаат сите, и фудбалерите на теренот и навивачите. Не е важен поединецот, како и да се вика… не си важен тим, важно е тимот да даде гол… Акцијата беше добра, додавањето кон Бруно Фернандеш перфектно… Во таква акција, сме ги виделе илјадници низ годините… првиот напаѓач треба само да тргне напред, противникот оди по него, а оној вториот останува сам… Се што требаше да направи е да тргне кон петерецот, а Бруно ќе дадеше лесен гол… Но, затоа што Роналдо сака тој да ги дава головите, реши да тргне назад, го повлече со себе и својот чувар, и на крајот промаши…. Како што кажав, не е важен поединецот, важно е тимот да даде гол, а објаснив зошто Португалија не даде гол од таа акција“, гласен беше во критиките Тиери Анри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
