Ансу Фати се врати со гол, Барса лесно го победи Леванте

Барселона конечно ја прекина серијата слаби игри во Ла Лига рутински триумфирајќи над составот на Леванте со 3-0. Енис Барди се уште не е подготвен за настап за Леванте по повредата заработена за македонската репрезентација, па нашиот интернационалец го пропушти дуелот на „Камп Ноу“.

Барса тргна фуриозно и уште во првите дваесетина минути поведе со 2-0, најпрвин Мемфис Депај реализираше пенал, а потоа својот прв гол во дресот на каталонскиот гигант го постигна Лук де Јонг.

За задоволството на каталонците да биде комплетно се погрижи Ансу Фати, младиот ас конечно ги надмина проблемите со повредата и на својот прв меч по долгата пауза веднаш успеа да се запише меѓу стрелците, за конечни 3-0 на овој натпревар.

Се вчитува...