Ансу Фати скромен: Меси ми помага да бидам уште подобар

Ансу Фати ги собра комплиментите на премиерниот натпревар на Барселона, откако младиот голгетер учествуваше со два гола и еден изнуден пенал во триумфот од 4-0 над Вилјареал. Крилниот офанзивец останува максимално скромен, а како најзаслужен за неговиот извонреден фудбалски развој го посочува капитенот на Барселона, Лионел Меси.

„Секој млад играч сонува да заигра со Лео Меси, мене овој сон ми стана стварно. Можам да кажам дека тој ми помага да бидам уште подобар, ми дава совети не само на натпреварите, туку и за време на тренинзите. Среќен сум поради двата погодоци, тоа сигурно ќе ми ја зголеми самодовербата, но и апетитите бидејќи голгетерите секогаш сакаат што почесто да се запишуваат меѓу стрелците“, изјави Фати по натпреварот.

Фати и Меси следниот викенд ги очекува нов предизвик, гостување на незгодниот терен во Виго против Селта.

Се вчитува...