Не е ова туризам: Нухиу од прв ден ги „умре“ чаирчани (ФОТО)

Фудбалерите на Шкупи имаат идеални услови за работа во турскиот туристички центар Анталија каде ќе ја реализираат втората фаза од подготовките за пролетниот дел од шампионатот.

Но, стратегот Ардијан Нухиу знае дека чаирчани не се во прекрасната Анталија на одмор. По вчерашното пристигнување од прв ден активни тренинзи за фудбалерите на прволигашот од Чаир, кои денеска имаат најпрво утринска фитнес подготовка а потоа попладнево и активен тренинг во очекување на првите пријателски средби.

Првиот пријателски натпревар Шкупи ќе го има против азербејџански Карабах во четврток, на 25. јануари.

Се вчитува...