Антиќ на видео-состанок со прволигашите: Наскоро одлука за судбината на сезоната!

На состанокот Кошаркарската федерација преку конференциска врска остварен денеска, со десетте клубови кои се дел од Првата лига-мажи, беше донесен заклучок, во текот на денот, федерацијата да ги добие сите предлози од страна на клубовите, и за кратко време, да донесе конечно решение околу продолжувањето на натпреварувањата.

На денешниот состанок со прволигашите, реализиран со посредство на конференциска видео-врска, беше договорено во рок од 24 часа, односно до 20. март (петок), до 12 часот, претставниците на десетте клубови од Првата лига-мажи, во писмена форма, да ги достават своите размислувања, предлози, сугестии, барања кои се поврзани со понатамошното функционирање на нашето најквалитетно натпреварување.

По разгледувањето на ставовите на прволигашите, во најкраток рок, раководството на КФСМ ќе донесе и конечна одлука околу тоа како, и дали ќе се реализира натпреварувањето во Првата лига за сезоната 2019/2020.

Се вчитува...