Антиќ: Самите сме виновни, самите ќе најдеме решение за проблемот

Перо Антиќ е самокритичен по слабото издание на Црвена звезда на дуелот со Морнар, на кој шампионот на АБА-лигата претрпе заслужен пораз и сега ќе мора да игра мајсторка во полуфиналето од плејофот од регионалното натпреварување. Тој очекува „црвено-белите“ да се прикажат во далеку подобро светло на дуелот во Белград и да обезбедат пласман во големото финале, каде ќе атакуваат на нова титула.

„Нема што, тоа беше натпревар како и секој друг. Знаеме каде грешевме, имаме време да ги исправиме и да ја завршима работата. Сигурно нема да кукаме и плачеме, самите сме си виновни, самите ќе најдеме решение за проблемот. Такви работи се случуваат, тоа е спорт. Се случува на сите, ни се случи и на нас. Треба да извлечеме поуки и да одиме понатаму. Да размислувам негативно – тоа не е мој стил. Ја знаеме целта што ја зацртавме на стартот од сезоната и одиме кон нејзина реализација. Кога ќе се претрпи таков пораз, му честиташ на ривалот и гледаш на наредниот меч да одиграш многу подобро“ – изјави Перо Антиќ за весникот „Спортски Журнал“.

Мајсторката од полуфиналето меѓу Црвена звезда и Морнар ќе се игра в Белград во понеделник, со почеток во 21 часот.

Се вчитува...