Антиќ: Спортисти и бизнисмени – сите ќе работиме заедно за доброто на кошарката

Перо Антиќ од денеска и официјално го почна своето раководење со Кошаркарската Федерација на Северна Македонија, наследувајќи го на функцијата Петар Наумоски. Поранешниот ас на Фенербахче, Олимпијакос и Атланта хоукс не ја криеше гордоста по едногласниот избор.

„Секако дека сум среќен, но искрено малку ми е и чудно во оваа улога. Веќе реков, мојата идеја е да составам силен тим од спортисти и луѓе од бизнис-секторот и сите заедно да работиме за кревање на кошарката, враќање на оптимизмот кога се говори за овој спорт. Приоритети има многу, од развој на младинската кошарка, до засилување на лигата и враќање на репрезентацијата онаму каде што посакуваме да биде – редовен учесник на големите натпреварувања“ – изјави Антиќ пред медиумите.

Перо Антиќ во најскоро време ќе го обелодени изгледот на Управниот одбор и на неговата канцеларија, во која сигурно ќе се најдат најблиските соработници во текот на кампањата, Тодор Гечевски и Владимир Георгиевски.

Се вчитува...