Антиќ во работна посета на ФИБА: Средба со Загклис (ФОТО)

Претседателот на Кошаркарската федерација на С. Македонија, Перо Антиќ заедно со генералниот секретар Владимир Георгиевски и спортскиот директор Тодор Гечевски денеска беа во работна посета на ФИБА.

Антиќ оствари средба со генералниот секретар на ФИБА, Андреас Загклис притоа разговарајќи за засилување на поддршката на светската кошаркарска федерација за Македонија преку реализација во иднина на проекти кои треба да овозможат развој пред се младинската кошарка.

Се вчитува...