Манчестер Јунајтед на преплатениот Антонио ќе му исплати дел од платата за време на позајмицата во Бетис, која ќе биде до крајот на сезоната.
Во договорот за заем нема откупна клаузула. Платата на Антонио е 200.000 фунти неделно, а беше донесен од Ајакс за 95 милиони евра.
Бразилецот годинава е без учинок во седум настапи за „ѓаволите“ во Премиер лигата. Тие сакаа перманентна продажба, но не добија понуда од 75 милиони евра, колку што инсистираа за негова продажба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА