Антонио го испрати Норвич во Чемпионшип

Норвич е првиот тим што испадна од Премиер-лигата откако „канаринците“ загубија на домашен терен од Вест Хем со убедливи 0-4, губејќи ги сите шанси за опстанок на три кола до крајот на сезонава. Антонио беше главен играч на овој натпревар, корпулентниот гостински голгетер беше вистински кошмар за „канаринците“, дури четири пати матирајќи го голманот на домашниот тим.

Ватфорд со резултатски пресврт стигна до победа против Њукасл (2-1), за три бода кои се од исклучително значење во борбата за опстанок. Дини со два пенали во второто полувреме го донесе овој триумф, по кој Ватфорд и Вест Хем сега имаат по шест бода повеќе во однос на Борнмут во битките за опстанок (Борнмут има и натпревар помалку).

На теорија се сведени и шансите за опстанок на Астон Вила, тим кој моментно е претпоследен на табелата со еден бод заостанување зад Борнмут.

Се вчитува...