Антонио Конте ќе го наследи Нико Ковач на клупата на Баерн?

Нико Ковач најверојатно ќе добие отказ од Баерн Минхен на крајот од сезоната, без разлика на тоа дали ќе освои двојна титула во Германија, откриваат тамошните медиуми. Хрватскиот стратег не успеал да ги убеди Ули Хенес и Карл – Хајнц Румениге дека е достоен да биде тренер на еден од најголемите фудбалски клубови во светот.

Премногу осцилации во натпреварите, кризи, порази, прерано завршување на настапите во Лигата на шампионите, како и несоодветниот однос со ѕвездите во клубот се показатели за тоа дека Ковач не е достоен за работата во клубот, проценуваат во Баерн Минхен.

Замена за Хрватот на клупата на „баварците“ треба да биде Италијанецот Антонио Конте. Поранешниот тренер на Јувентус и на Челси, како и селектор на Италија, конечно е слободен, откако го реши спорот со тимот од Лондон кој траеше повеќе од една година и сега е во потрага по нов ангажман. За него се заинтересирани и Јувентус, Интер и Рома.

Се вчитува...