АП Брера го раскина договорот со тренерот Валенти

Управата на „Брера Струмица“ спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Џовани Валенти кој од денеска нема да го предводи првиот тим. Раководството на клубот како што вели на овој чекор се одлучи согласно постигнатите резултати на сениорскиот состав во Првата фудбалска лига на Македонија од стартот на сезоната кои не се вклопија во амбициите и стратегијата на клубот.

По извршените разговори меѓу управата и италијанското трио предводено од Џовани Валенти кој во Струмица пристигна со асистентот Микеле Кавали како и тренерот на голманите Алесандро Пегорари се одлучи соработката да биде раскината.

„Сакам да му се заблагодарам на господинот Валенти и неговите соработници за посветената работа во изминатите месеци. Донесовме заедничка одлука се во интерес на клубот. Нам сега ни преостанува што подобро да се подготвиме за последниот натпревар со екипата на Шкупи но и со предизвиците за вториот дел од сезоната. Јавноста наскоро ќе биде информирана околу изборот на новиот тренер. Во последниот натпревар со Шкупи како вршител на должноста тренер екипата ке ја предводи некогашниот тренер на првиот тим Ѓорги Стојчев“, вели генералниот директор на клубот Јован Симиќ

47 годишниот Валенти кој во Италија има работено со младински погони на повеќе калчолигаши но и младите репрезентации на Италија, во струмичкиот тим пристигна во јуни годинава. Под палката на Џовани Валенти АП Брера забележа пет победи исто толку нерешени исходи и седум порази.

Се вчитува...