АП Брера веќе пет меча не знае за победа – И „лавовите“ со „скалпот“ на струмичани (ВИДЕО)

По извонредниот старт на сезоната со четири победи во првите четири кола, АП Брера Струмица во сериозна резултатска криза сега со пет едноподруго натпревар без трииумф во Првата македонска фудбалска лига. Во првиот натпревар од 9. коло денеска во Ѓорче Петров, АП Брера загуби со 1-0 на гостувањето против Македонија ЃП.

„Лавовите“ сосема заслужено дојдоа до победата која ја осигураа со гол во првото полувреме.

Контролирајќи ја играта на стадионот во Ѓорче Петров, домашните имаа квалитетно прво полувреме. Најпрво Попзлатанов во 13. минута и Алексовски во 33. минута не реализираа две шанси, а потоа следеше голот во финишот на првиот дел. Водството го донесе Попзлатанов во 44. минута од средбата, по убавата акција по левата страна на Алексовски и Величковски.

Во второто полувреме, Брера Струмица имаше неколку обиди да го израмни резултатот, посебно забележителна беше шансата во 81. минута, но Стевковски одлично одбрани за конечна победа на „лавовите“.

На крајот, сосема заслужени три бода за Македонија ЃП, која се одлепува последните позиции на табелата.

ПРВА ЛИГА – 9. КОЛО
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АП БРЕРА 1-0
Попзлатанов 44′
УТРЕ (14 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
Кратово: СИЛЕКС – ВОСКА СПОРТ
Скопје: ШКУПИ – СТРУГА ТЛ
Гостивар: ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...