Аплауз од фановите на Јуве…„благодарам“ од Роналдо

Кристијано Роналдо имаше фантастично издание вечерва на стадионот „Алијанц“ во Торино, а после прекрасниот втор гол со ножички доби аплаузи на отворена сцена од целиот стадион. Му ракоплескаа и фановите на Јувентус за неверојатната изведба, со која по вторпат го надмудри нивниот херој, Џанлуиџи Буфон.

Португалецот исто така знаеше да се заблагодари, со поздравна гестикулација кон трибината со најверните фанови на италијанскиот првак.

Се вчитува...