Аплаузи за Маријано Дијаз, нов малер за Лион

Лион нема победа во францускиот шампионат од 21.јануари, кога го совлада Пари Сен Жермен, а „црната серија“ не заврши ниту денеска, иако домашниот тим имаше водство против Сент Етјен од 1-0 се до 90.минута од мечот. Но, гостите успеаја да израмнат (1-1) во судиското продолжение со погодокот на Матие Дебуши.

Аплаузите на овој меч го собра напаѓачот Маријано Дијаз, кој во 19.минута изведе потег за паметење и во стилот на Денис Бергкамп постигна фантастичен гол.

Се вчитува...