Новак Ѓоковиќ е апсолутен рекордер во „белиот спорт“. Српскиот тенисер ја започна 378-та недела на врвот на АТП листата со што ја престигна легендарната Штефи Граф. За прв пат тој се најде на првото мето во јули 2011 година, а неполни 12 години подоцна се уште е тука.
Србинот не го крие задоволствтото од рекордот велејќи дека тоа е резултат на работа, труд, љубов, желба и старт према спортот.
„Среќен сум и горд на тоа. Се трудев да го задржам високото ниво на игра и посветеноста во сите овие години. Тоа е резултат на работа, труд, љубов, желба и старт према спортот. Се во пакет направи да постигнам ваква висина. Од една страна сакам да уживам со успесите и да ги доживувам како што треба, но не премногу бидејќи треба да свртам нов лист. Така е во тенисот“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА