Шкендија Арачиново ја забележа првата победа во новата сезона од ПМФЛ откако како гостин стигна до цел плен против Тиквеш во Кавадарци, славејќи со 0-1.
Стадионот во Каввадарци се покажа повторно среќен за арачиновци, кои пред неколку месеци токму во овој град славеа во баражот и влегоа во елитното друштво, за денеска да стигнат до цел плен против незгодниот тим на Тиквеш.
Кавадарчани влегоа како фаворити откако освоија шест бода во првите две рунди, но „црвено-белите“ не успеаја да ја продолжат серијата и на овој дуел. Иако имаа повеќе од играта, тие не успеаја да искористат некоја од неколкуте одлични шанси што ги создадоа.
На спротивната страна, Шкендија Арачиново својата прва шанса ја претвори во погодок, Симоновски беше стрелец во 27. минута, по што арачиновци ги затворија приодите кон својот гол, се одбранија успешно и се радуваа на трите бода на ова незгодно гостување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
