Ардијан Нухиу нов тренер на Дрита Гњилане, по оставката на Дуро

Поранешниот стратег на Шкупи, Ардијан Нухиу ќе го предводи до крајот на сезоната тимот на косовскиот прволигаш Дрита од Гњилане по оставката на Шпетим Дуро.

Дуро, кој е поранешен тренер на Шкендија, се одлучи на оставка по елиминацијата во осминафиналето од купот од второлигашот Влазними. Па, раководството на клубот одлучи неговото место да го зеземе Ардијан Нухиу кој досега беше прв асистент на Дуро во тимот.

40-годишниот Ардијан Нухиу е поранешен фудбалер на Вардар, Работнички, Шкупи, Шкендија, Металург…, а има и три настапи за македонската репрезентација.

Се вчитува...