Поразот на Аргентина од Шпанија во финалето на Светското првенство беше засетен од грдите сцени што уследија веднаш по крајот на натпреварот.
Наместо честитки за новиот светски шампион, дојде до судир меѓу играчите, фаќање за врат, удари и општ метеж на теренот, поради што однесувањето на членовите на аргентинската репрезентација беше осудено од бројни поранешни фудбалски ѕвезди.
Шпанија победи со 1-0 по продолженијата, со голот на Феран Торес, но последниот свиреж на судијата Славко Винчиќ го означи почетокот на хаосот на теренот.
Во центарот на вниманието беше Леандро Паредес, кој влезе во судир со Ерик Гарсија и Гави, по што словенечкиот судија му покажа црвен картон. Во инцидентите учествуваше и Нахуел Молина, додека играчите и членовите на стручните штабови на двете репрезентации се обидуваа да спречат понатамошна ескалација.
Особено остри беа реакциите на поранешниот англиски репрезентативец Гери Невил, кој го осуди однесувањето на аргентинските играчи за време на телевизиската анализа.
„Тој е срам. Имаше среќа што не доби црвен картон за време на натпреварот. Го сакам начинот на кој Аргентина игра фудбал, но ова не може да се оправда. Ова е апсолутен срам. Не ми зборувајте за нивниот фудбал, ќе ги паметиме како уличари“, изјави Невил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
