Репрезентацијата на Аргентина ќе ја брани титулата на Светското футсал првенство, откако во првото полуфинале славеше над лутиот ривал Бразил со 2-1.
Гаучосите поведоа набрзина со головите на Вапораки во 11. и Боруто во 13. минута, додека Бразилците успеаја само да намалат преку Фераро во 17. минута.
Во финалето Аргентина го чека подобриот од вториот полуфинален дуел кој на програмата е утре, а во него се среќаваат Португалија и Казахстан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА