Аргентина сака да игра во Лигата на Нации на УЕФА

Војната меѓу Аргентинската Фудбалска Асоцијација и раководството на КОНМЕБОЛ што се водеше за време на Копа Америка ќе кулминира со барање на „гаучосите“ во иднина да учествуваат во Лигата на Нации на УЕФА и воопшто да не бидат дел од континенталниот собир во Јужна Америка. Аргентинците се убедени дека биле ограбени во полуфиналето со Бразил, а односите дополнително се влошија по црвениот картон што Лео Меси го доби на дуелот со Чиле.

Најавена е и истрага против Меси и суспензија на најдобриот аргентински играч поради обвиненијата за корупцјиа во КОНМЕБОЛ, па сега „гаучосите“ продолжуват со заканите дека во иднина не ни сакаат да бидат дел од Копа Америка. Телевизијата „Фокс Спортс“ објави дека АФА веќе стапила во контакт со УЕФА, при што кај двете страни постои расположение Аргентина да биде вклучена во наредното издание на Лигата на Нации. Најдобрите аргентински фудбалери секако настапуваат во Европа и на тој начин би се избегнале долгите патувања, а Аргентина воедно би добила бројни натпревари со врвни ривали, бидејќи сигурно би била вклучена во елитните групи од Лигата на Нации.

Расплетот во секој случај се очекува набрзо, бидејќи оваа земја заедно со Колумбија треба да биде ко-домаќин на Копа Америка во 2020 година, па во случај на неиграње КОНМЕБОЛ ќе мора да избира нова држава за организација.

Се вчитува...