Аргентински новинари биле сметани за руски шпиуни – ги спасиле Марадона и Меси

Украинската војска покрај руските војници се бори и со шпиуни кои ги издаваат нивните позиции и стратешка поставеност, а во потрагата по нив уапсени биле аргентински новинари.

Имено, Гилермо Пинеза и еден камерман биле запрени на контролен пункт по што биле приведени и жестоко испрашувани, а ги спасиле Марадона и Лео Меси.

„Не застана полиција на контролен пункт и ни ги одзема документите, камерата, мобилните и не однесоа во станица каде жестоко не испрашуваа дали сме саботери или шпиуни. Откако помина цел процес, ни ги проверија и документите, а кога видоа дека сме Аргентинци слушнав како еден полицаец му говори на другиот „Меси и Марадонa. Тогаш се се промени. Нашиот камерман Хуан Замудио му покажа тетоважа од Марадона, а јас ги замолив да ми го вратат мобилниот за да им покажам нешто. Му покажав слика со Меси и тоа дефинитивно не спаси од дополнително испрашување. Меси, фала ти на фотографијата и сала ти Боже што сум Аргетнинец“, вели Пинеза.

Се вчитува...