Аргентински покер без Лео Меси (видео)

Аргентинците се загреваат за прошталниот меч на Лео Меси закажан за 6 октомври, светските вицешампиони во меѓувреме во Кордоба се сретнаа со Боливија триумфирајќи со убедливи 4-0.

Првиот погодок беше дело на Лаутаро Мартинез во 10. минута, со што асот на Интер се израмни со Агуеро и со Батистута на делба на второто место на вечната листа на стрелци со по 56 погодоци, далеку зад недопирливиот Меси со 125 гола во репрезентативниот дрес.

На 2-0 во 29. минута зголеми Нико Паз, а плејмејкерот на Комо во вториот дел се најде и во улога на асистент, кога по неговиот центаршут Кристијан Ромеро ја затресе противничката мрежа.

Конечните 4-0 беа дело на Хозе Лопез, центарфорот на бразилски Палмеираш, кој се најде на вистинското место и стави точка на оваа рутинска победа на Аргентина.

Се вчитува...