Аргентинците на протести барајќи правда за фудбалската легенда: Марадона е убиен!

Аргентинците се одлучија преку протести на улиците во Буенос Аирес да побараат правда за Диего Марадона, откако истрагата за причините на неговата смрт се уште не дала никакви одговори.

„Тој не умре, го убија. Правда за Диего. Сакаме судење и казна за виновните“ – порачаа Аргентинците.

На собирот се појави и поранешната сопруга на Марадона, Клаудија Вилафане и двете негови ќерки, Далма и Џанина.

Како официјална причина за смртта на Марадона се уште стои затајување на срцето, но истрагата тоа треба да го потврди или негира. Неговото семејство верува дека починал поради лоша грижа од страна на докторите и неговите помошници.

Во моментов има сомнежи со можност за обвинение за седум лица. Според пишувањето на аргентинските медиуми под истрага, меѓу останатите, се неговиот доктор Леополдо Луке, психологот Карлос Диаз кој имаше терапија со Марадона, како и две медицински сестри.

Се вчитува...