Аргентинската репрезентација пристигна во Буенос Аирес по поразот од 1-0 од Шпанија во финалето на Светското првенство. Претседателот на фудбалската федерација Клаудио Тапија, заменик-капитенот Николас Отаменди и селекторот Лионел Скалони први излегоа од авионот.
За вицешампионите на светот беше поставен црвен тепих и почесна стража. Голем број навивачи ги пречекаа на улиците на главниот град.
Првично беше планирано да се користи обичен автобус, но кога се виде колку луѓе има на улиците, беше одлучено да се искористи автобус со отворен покрив. И покрај зимското време и доцните часови, вицешампионите на светот доживеаја величествен пречек.
Лионел Меси, капитенот и најдобриот играч на тимот, не се врати со екипата, туку со приватен авион се упати директно кон неговиот роден град Росарио.
🇦🇷 AHORA | Así llegó la Selección argentina al país https://t.co/2JLP7R4gg0 pic.twitter.com/LMb31jqy0K
— TN – Todo Noticias (@todonoticias) July 20, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
