Аргентинците вмешаа и политика: Играме со агресори, пирати узурпатори…

Аргентина и Англија вечерва ќе водат битка што ќе го даде вториот финалист на овој фудбалски мундијал, а политичарите во јужноамериканската држава не ја пропуштија можноста на дуелот да му дадат политичка конотација.

Претседателката на Аргентина, Викторија Виљаруел, со отворена омраза говореше за Англичаните, како дополнителна мотивација за Меси и соиграчите на ова полуфинале.

„Денеска играме против пирати узурпатори. Ова не е само некоја фубалска средба, затоа и не се обидувам да сум политичка коректна или да бидам со ладно срце. Секогаш кога играме со Англија, тоа е повеќе од фудбалски меч. Мораме да ги запреме агресорите. Одиме, Аргентина. До последниот здив да се бориме за она што е  наше“, објави Виљаруел.

Главна причина за омразата што владешее меѓу двете држави е конфликтот на Фолкландските острови од 1982 година. Од таа војна како победници излегоа Англичаните, а во конфликтот загинаа 649 аргентински војници и 255 припадници на британските воени сили.

Се вчитува...