Арне Слот емотивно се прости од Ливерпул

Откако ја врати титулата шампион на Англија на „Енфилд“ во својата прва сезона на клупата на Ливерпул, Арне Слот ги загуби конците на тимот до крајот на втората сезона и покрај тоа што обезбеди пласман во Лигата на шампионите, доби отказ.

Арне Слот се збогува со клубот и навивачите на „црвените“. Холанѓанецот ја освои титулата во Премиерлигата во својата прва година на клупата на тимот од „Енфилд“, но втората беше под очекувањата со утешно место во Лигата на шампионите.

„Кога ќе поминете под тој познат знак во тунелот на Енфилд, ќе ве преплави мешавина од емоции. Одговорност, пред се. За големата историја на овој клуб. Очекувања, секако. Да бидете достојни на наследството што го направи Ливерпул еден од најголемите клубови во светскиот фудбал веќе 134 години. И решителност. Да се ​​натпреварувате. Да победувате. Да им донесете успех на навивачите на Енфилд, познати низ целиот свет. Тоа што сите тие емоции се претворија во титула во Премиерлигата по само 12 месеци беше нешто навистина посебно. Тоа не беше само трофеј, туку награда за работата, жртвата и посветеноста на толку многу луѓе во клубот,“ изјави Слот. 

Се вчитува...