Арне Слот нема да чека многу за работа: Веднаш презема друг премиерлигаш

Само неколку дена откако доби отказ од Ливерпул, Арне Слот е блиску да преземе друг тим во Премиерлигата. Тој се раздели од Ливерпул на 30. мај, откако Ливерпул ја имаше една од најлошите сезони во последните години, завршувајќи на разочарувачкото петто место без ниту еден трофеј.

Се очекува поранешниот менаџер на Борнмут, Андони Ираола да биде неговата замена, а веќе е постигнат усмен договор.

Се шпекулираше со преземање на Милан по отпуштањето на Алегри, но се чини дека ќе остане да работи во Премиерлигата, откако сега важи за водечки кандидат за клупата на Фулам по заминувањето на Марко Силва, кој стана нов тренер на Бенфика.

Заедно со Лиам Розениор, Мартин О’Нил и Бо Свенсон, Слот е тренерот што го сакаат челниците на Фулам, а тој е првата опција.

Се вчитува...