Арон Роџерс по четврти пат до МВП титулата во НФЛ

Квотербекот на Грин Беј Пекерс, Арон Роџерс е прогласен за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната во НФЛ лигата. Ова признание на Роџерс му припадна втора година во низа, а вкупно четврти пат во кариерата.

Роџерс е само втор играч во историјата на НФЛ кој четврти пат го освојува признанието, а пред него е само поранешниот квотербек на Индијанаполис Колтс и Денвер Нагетс, Пејтон Менинг кој има пет трофеи.

„Беа неверојатни 17 години. Многу сум благодарен за сите спомени во текот на сите овие години“, изјави Роџерс по освојувањето на наградата. 

Иднината на Роџерс во Грин Беј е неизвесна, откако неколку пати говореше дека не е задоволен од ситуацијата во „франшизата“. Иако имаа најдобар скор во регуларниот дел од сезоната, Пекерс на крајот испаднаа во дивизиската рунда, кога на домашен терен беа поразени од Сан Франциско 49.

Се вчитува...