Арсенал доби уште една трансфер-битка

Арсенал донесе уште едно квалитетно бразилско засилување по Вилијан, откако „топчиите“ ја добија трката по дефанзивецот на Лил, Габриел Магаљанеш. Овој 22-годишен фудбалер имаше одлична сезона во Лил, со што го привлече вниманието на неколку клубови ширум Европа.

Францускиот тим ги прифати понудите од по 30 милиони евра на Арсенал, Наполи и на Евертон, оставајќи на самиот фудбалер да реши каде ќе ја продолжи кариерата. Пред неколку дена во трката се вклучи и Манчестер Јунајтед, но Микел Артета успеа да го убеди Габриел кариерата да ја продолжи токму во дресот на „топчиите“.

Бразилецот ќе го заземе местото во одбранбената линија на својот сонародник Давид Луиз, кој си заминува од Арсенал по истекот на договорот со лондонскиот клуб.

Се вчитува...