Арсенал договори нов голман од САД

Од редовите на Арсенал договориле ново засилување за јануарскиот преоден рок кој е доста разочарувачки за „топчиите“.

Артета најавуваше засилувања во средниот ред, но досега, на два дена до крајот на преодниот рок не е потврдено ниту едно новоиме во таборот на „топчиите“. Тоа ќе се смени наскоро затоа што Арсенал го договорил трансферот на Мет Тарнер од Њу Ингланд Револушн.

Арсенал на американскиот тим ќе му плати околу десет милиони евра за услугите на голманот кој во Северен Лондон сепак ќе пристигне на почетокот на следната сезона. Дотогаш резервен голман на Арсенал ќе биде Бернд Лено кој со сигурност ќе си оди од клубот по крајот на оваа сезона.

Инаку дека трансферот е готов и е пред реализација потврди и селекторот на репрезентацијата на САД, Грег Берхалтер.

Се вчитува...