Арсенал е најочајниот клуб во светот – Пораз и од Евертон за продолжување на агонијата (ВИДЕО)

Продолжува агонијата на Арсенал сезонава во англиската Премиер-лига, откако тимот од „Емирејтс“ забележа нов пораз, овојпат на гостувањето кај Евертон со 2-1.

Домаќините поведоа со автоголот на Холдинг во 22. минута. Николас Пепе во 35. израмни од пенал, но до крајот на полувремето Јери Мина ги врати домаќините во водство, што на крајот се покажа и доволно за нов триумф.

Со овој пораз Арсенал останува на катастрофалната 15. позиција на првенствената  табела со 14 освоени бода и само пет повеќе од опасната зона. Од друга страна Евертон игра неверојатно и во моментов се наоѓа на 3. место со 26 бода и само пет помалку од лидерот и градски ривал Ливерпул.

 

 

Се вчитува...