Арсенал ги купува Томас Парти и Дани Себалјос, ќе извиси ли трансферот на Енис Барди?

Англискиот премиерлигаш Арсенал подготвува три трансфери со кои Микел Артета треба да го освежи составот за следната сезона. Два од нив се планирани за ангажман на фудбалери од средниот ред, со што се доведува во прашање можниот трансфер на македонскиот репрезентативец Енис Барди. Раководството на „топчиите“ покажа интерес за Барди, а и испрати понуда вредна 25 милиони евра. Сепак, тоа веројатно е премалку за да може да ја добие „десетката“ на Леванте во овој летен преоден рок.

Микел Артета сака да го купи Томас Парти, дефанзивниот играч за врска на Атлетико Мадрид, а исто така и комплетно да го откупи договорот на Дани Себалјос, кој минатата сезона играше на „Емирати“ како позајмен фудбалер од Реал Мадрид. Третата желба на менаџерот на Арсенал е дефанзивецот на Лил, Габриел Магалјаеш.

За реализација на овие три зделки Арсенал има на располагање околу 110 милиони евра.

Се вчитува...