Арсенал ги означи приоритетите – Мемфис Депај и Енис Барди да дојдат на „Емирати“

Англискиот премиерлигаш Арсенал има два приоритети во претстојниот летен преоден рок. Микел Артета сака да го засили средниот реде и нападот, а негови големи желби се македонскиот репрезентативец Енис Барди и холандскиот интернационалец Мемфис Депај. Тој е восхитен од двајцата, не само играчките квалитети, туку и од нивните карактери и односот што го имаат на теренот. Менаџерот на Арсенал смета дека Барди и Депај на „топчиите“ би им донеле борбен дух и победнички карактер. Двајцата се и одлични изведувачи на слободни удари.

Арсенал е подготвен за Мемфис Депај да плати 50 милиони евра и да го откупи од Лион. Напаѓачот би сакал да се врати во Премиер – лигата и да се докаже откако претходно имаше неуспешна одисеја во дресот на Манчестер Јунајтед.

Леванте веќе доби конкретна понуда за Енис Барди од Арсенал. Сумата е 20 милиони евра и веројатно дека шпанскиот клуб очекува низ текот на преговорите да биде зголемена за уште 5 милиони евра, кои би биле исплаќани како бонуси за евентуалните успеси на тимот на Арсенал во следниот период, доколку Барди биде во составот. Неговата отштетна клаузула изнесува 50 милиони евра, но јасно е дека Леванте би се сложил на продажба ако се знае дека пред три години го купи Енис Барди од Ујпешт за само 1,5 милион евра.

Се вчитува...