Арсенал ги стави Гендузи и Лаказет на трансфер-листа

Англискиот премиерлигаш Арсенал одлучи да се раздели со Матео Гендузи и со Александре Лаказет по завршувањето на сезоната. Менаџерот Микел Артета ги информирал двајцата фудбалери дека не се во неговите планови за следната година и побара од клубот да ги стави на трансфер-листа.

Гендузи покажа голема недисциплина во изминатиот период и тоа Артета не можеше да му го прости, па 21-годишниот играч за врска ќе биде продаден. Сепак, за него Арсенал ќе бара најмалку 50 милиони евра.

Александре Лаказет исто така ќе биде ставен на трансфер-листа. Напаѓачот разочара со игрите оваа сезона, беше далеку од посакуваната форма, па менаџерот на Арсенал смета дека е најдобро да дојде до разделба. Тој е на „Емирати“ од 2017 година и на 91 натпревар постигна 34 гола.

Се вчитува...