Арсенал го договори Вилијан, на чекор и до Диего Карлос од Севилја

Арсенал е пред промоција на бразилскиот фудбалер Вилијан, пренесува „Франс фудбал“. „Топчиите“ на фудбалерот кој ова лето станува слободен играч му нудат тригодишен договор со можност за продолжување на уште една. Сето тоа е повеќе од доволно досегашниот фудбалер на Челси да се пресели во Арсенал.

Тимот од Лондон е блиску и до договор со Севилја за уште еден Бразилец, стоперот Диего Карлос. Арсенал веќе ги почнал преговорите со Севилја околу неговиот трансфер а се треба да биде познато до крајот на оваа недела.

Се вчитува...