Арсенал го носи Квинси Промес од Ајакс

Англискиот премиерлигаш Арсенал сака да ја засили навалната линија со напаѓачот на холандскиот клуб Ајакс, Квинси Промес. Менаџерот Микел Артета смета дека тој би бил идеален партнер на Пјер – Емерик Обамејанг во нападот на „топчиите“, а на крилните позиции ќе им се придружи и Бразилецот Вилијан кој од Челси ќе се пресели на „Емирати“ како слободен агент.

Арсенал е подготвен да плати 25 милиони фунти за ангажманот на Квинси Промес. Тој имаше одлична сезона во дресот на Ајакс и постигна 12 гола на 20 натпревари во холандското првенство кое беше прекинато поради пандемијата на коронавирусот. Претходно, Промес играше и за Спартак Москва и за Севилја, а Арсенал би му дал можност за докажување и во Премиер – лигата.

Се вчитува...