Арсенал го одреди Махрез како наследник на Алексис Санчез

Арсенал ќе остане без Алексис Санчез најверојатно уште во првите денови од 2018 година, со оглед дека неговиот трансфер во Манчестер сити е на прагот на реализација. Тој има само уште шест месеци од договорот со „топчиите“, а клубот секако ќе сака да заработи одредена сума и да го продаде веќе оваа зима. Но, менаџерот Арсен Венгер веќе има план кој би можел да го наследи Чилеанецот на „Екирати“.

Алжирецот Ријад Махрез е желбата на Французинот за освежување на навалната линија во тимот. Арсенал е подготвен да плати околку 35 милиони фунти за да го доведе оваа зима, но Лестер бара 10 милиони фунти повеќе.

Се вчитува...