Арсенал го посакува Малколм на „Емирати“

Англискиот премиерлигаш Арсенал е заинтересиран за услугите на младиот фудбалер на Барселона, Малколм. „Топџиите“ сакаат да го донесат Бразилецот на позајмица со можност за откуп.

Малколм минатата сезона за сума од 37 милиони фунти дојде од Бордо, а за Барселона беше стартер на само шест натпревари во Ла Лига. Од каталонскиот гигант се подготвени да го пуштат Малколм, бидејќи очекуваат летово да се засилат со Гризман и со Нејмар, што значи дека младиот Бразилец ќе биде во втор план.

Покрај Малколм, од Арсенал се заинтересирани и за услугите на Вилфрид Заха, кој сака да се пресели на „Емирати“, но се уште не можат да се договорат со Кристал Палас околу сумата на трансферот.

Се вчитува...