Арсенал го продава Тореира за да го купи Хусем Ауар

Англискиот премиерлигаш Арсенал се надева дека ќе успее да го засили средниот ред за новата сезона во Премиер – лигата со одличниот играч за врска на Лион, Хусем Ауар. За тоа „топчиите“ се подготвени да платат 50 милиони евра. Менаџерот Микел Артета има и план како тоа би го извел.

Арсенал бара купец за уругвајскиот интернационалец Лукас Тореира, а негова следна дестинација најверојатно би била Серија А, со оглед дека заинтересирани се Рома и Фиорентина. Парите од неговата продажба би биле искористени за евентуалниот ангажман на Хусем Ауар кој е голема желба на Артета.

Сепак, Арсенал ќе има голема конкуренција за потписот на Ауар. Во игра се и Јувентус и Манчестер Сити, моќни клубови кои исто така го посакуваат Хусем Ауар во своите редови.

Се вчитува...