Арсенал го пронајде наследникот на Месут Озил во Бундес-лигата

Месут Озил и Арсенал најверојатно ќе се разделат на крајот од сезоната, а англискиот премиерлигаш го пронајде неговиот наследник во Бундес-лигата. Скаутите на Арсенал го забележаа Каи Хаверц, 19-годишниот играч за врска на Баер Леверкузен кој оваа сезона игра одлично во германскиот шампионат. Во дресот на „фармацевтите“ на 28 натпревари има 11 гола и шест асистенции и игра неверојатно зрело.

Хаверц ги мина сите репрезентативни селекции на Германија, а има два повика и за сениорскиот тим на „панцирите“. Арсенал за него е подготвен да плати 60 милиони евра и на лето да го доведе на „Емирати“.

Се вчитува...