Арсенал и Барселона се „тепаат“ за белгиското „чудо од дете“

Младиот белгиски фудбалер Артур Вермерен се најде на „радарот“ на многу големи клубови. Барселона и Арсенал се интересираат за играчот од средниот ред, кого веќе го споменуваат со Чави и Иниеста.

Скаутите на двта клуба го забележале талентот на играчот кој во моментов настапува за Антверпен, и сакаат да вложат во него. Веруваат дека еден ден ќе стане голем играч.

Директорот на Антверпен, легендарниот Марк Овермарс кажа дека Вермерен има одлики и на Иниеста и на Чави. „Топчиите“ веќе ја подготвуваат првата конкретна понуда во висина од 15 милиони евра.

Вермерен има досега еден настап за најдобрата селекција на Белгија.

Се вчитува...