Арсенал и со официјална понуда за Кутињо

Арсенал и официјално се вклучи во трката за Филипе Кутињо. „Топчиите“ ја испратија првата официјална понуда до Барселона вредна 50 милиони евра и во договорот вклучен Матео Гендузи.

Но, како што е познато, каталонскиот тим сака исклучиво пари како би ги покрил долговите. Според шпанските медиуми, раководството на Барселона не би се согласило за сума помала од 80 милиони евра за трансфер на Филипе Кутињо.

Се вчитува...