Арсенал ја чуваше „бомбата“ за последниот ден од преодниот рок

Арсенал чекаше до последниот ден за да го комплетира најскапиот трансфер во овој преоден рок, откако „топчиите“ влегоа во завршна фаза од преговорите за Томас Парти од Атлетико Мадрид. Шпанскиот клуб не отстапуваше од сумата од 50 милиони евра без оглед што Парти има само уште неполна година од договорот со „јорганџиите“, а директорите на Aрсенал долго време одбиваа да ја платат оваа сума.

Сепак, откако извисија во трката за Ауар, „топчиите“ решија да се заангажираат и буквално во „пет до дванаесет“ донесоа одлука да тргнат во офанзива по Парти. Лондонскиот клуб веќе ги информирал одговорните во Ла Лига дека е подготвен да ја плати сумата за активирање на раскинот на договорот меѓу Атлетико и фудбалерот, по што тој ќе пристигне во Лондон. Со ова Артета добива извонредно засилување за средниот ред, а Атлетико отвора место во тимот за да ја комплетира позајмицата на Тореира, кој пристигнува токму од Арсенал во редовите на мадридскиот прволигаш.

„Топчиите“ истовремено се ослободија од Гвендузи, кој беше испратен на едногодишна позајмица во берлинскиот бундеслигаш Херта.

Се вчитува...