Арсенал ќе го добие Клајверт, а Рома ќе го потпише Мхитарјан

Англискиот премиерлигаш Арсенал и италијанскиот клуб Рома пронајдоа заеднички интерес за размена на фудбалери. Со посредство на топ агентот Мино Рајола, многу веројатно е Џастин Клајверт од Рома да се пресели во редовите на Арсенал. За него голем предизвик е Премиер – лигата, а Микел Артета го сака во тимот на Арсенал.

Од друга страна, „топчиите“ ќе му дозволат на Хенрик Мхитарјан перманентно да се пресели на „Олимпико“ и да потпише за Рома. Тој дојде како позајмен играч, а сега Рома ќе треба да плати 14 милиони евра за неговиот договор. Но, сето тоа ќе биде искомпензирано со заминувањето на Џастин Клајверт во Лондон.

Интересно е дека Мхитарјан дојде во Арсенал како дел од трансферот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед.

 

Се вчитува...