Арсенал му зеде мерка на Тотенхем

Арсенал славеше со 2-0 на дербито со омразениот градски ривал Тотенхем, продолжувајќи ја серијата добри игри и резултати кога на домашен терен ги пречекуваат „спарси“.

Мечот беше израмнет во првите триесетина минути, кога „топчиите“ поведоа со значителна судиска помош. Најпрвин беше досуден сомнителен слободен удар за старт врз Алексис Санчез, по кој Мустафи го постигна водечкиот гол иако во моментот на центаршутот се наоѓаше во офсајд позиција. Гостите беа во шок, а Арсенал го искористи тоа и набрзина постигна и втор гол, преку Алексис Санчез на асистенција на Лаказет.

Иако се обидоа да сторат нешто повеќе, „спарси“ не успеаја да се вратат во мечот, па Тотенхем го претрпе третиот пораз сезонава.

Се вчитува...