Арсенал нуди 100 милиони евра за Мбапе?!

Англискиот премиерлигаш Арсенал сериозно влезе во трката за ангажман на француската сензација од редовите на Монако, Килијан Мбапе. „Топчиите“ се подготвени да платат 100 милиони евра за да го доведат талентираниот напаѓач на „Емирати“. Со тоа влегоа како сериозна конкуренција во трката со Реал Мадрид и со Манчестер сити.

Арсен Венгер остана на кормилото и ќе го води Арсенал и во наредните две сезони, а откако тимот не влезе во Лигата на шампионите, најверојатно ќе има и промена на курсот. Арсенал конечно сфати дека мора да вложи многу повеќе во својот тим, за да може да биде конкурентен во Премиер – лигата.

Покрај ангажманот на Мбапе, приоритет за Арсенал е да ги задржи и своите најдобри фудбалери, Алексис Санчез и Месут Озил.

  

Се вчитува...