Арсенал објави: Збогум и среќно, Лаказет

Ремонтот во навалната линија на Арсенал продолжува, „топчиите“ во јануари го продаде Обамејанг, а летово ќе останат и без францускиот голгетер Александр Лаказет. Договорот на францускиот интернационалец истекува на крајот од сезонава, а лондонскиот клуб денеска и официјално објави дека Лаказет на 30 јуни ќе си замине од „Емирати“.

„Алекс Лаказет ќе го напушти клубот на 30 јуни годинава. Откако дојде од Лион во јули 2017 година, тој одигра 206 средби, притоа постигнувајќи 71 гол. Лаказет беше освојувач на ФА Купот во 2020, дел од тимот што го освои Комјунити Шилд мечот во 2017 и беше избран за најдобар фудбалер на Арсенал во сезоната 2018/19. Му посакуваме многу среќа во натамошниот дел од кариерата“, објавија „топчиите“.

Француските медиуми објавија дека Лаказет веќе го има договорено својот следен трансфер – камбек во поранешниот клуб Лион. Тој начелно ги договорил условите за тригодишна соработка со овој клуб, а трансферот ќе биде официјализиран во наредните десетина денови.

Се вчитува...